Услови за користење

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

 

Политики за користење на системот за електронска трговија.

 

Со самиот пристап на интернет страницата на ОРГАНИК ШПАЈЗ на НУТРИФИК 21 ДОО и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

 

ОРГАНИК ШПАЈЗ на НУТРИФИК 21 ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

 

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

 

ОРГАНИК ШПАЈЗ на НУТРИФИК 21 ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ОРГАНИК ШПАЈЗ на НУТРИФИК 21 не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

 

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

 

ОРГАНИК ШПАЈЗ на НУТРИФИК 21 ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ОРГАНИК ШПАЈЗ на НУТРИФИК 21 за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

 

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

 

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку наш доставувач во Скопје, а преку Нова Пошта на територија на Македонија, на адресата која е наведена во порачката.

 

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.

Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

 

Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.

За нарачки над 1500 денари доставата е бесплатна.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

 

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

 

ОРГАНИК ШПАЈЗ на НУТРИФИК 21 ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

За Нас

Ние веруваме во здраво општество, здрава заедница и здрави поединци. А за нас, здравје значи органски, природни и одржливи производи на кои можете да им верувате, совети и упатства од обучени експерти. Здравата планета е исто толку високо на нашата листа на приоритети како и дејствување одржливо и етички како бизнис.

Контакт

  • 075 324-653
  • info@organicshpajz.mk

Facebook

Organic Шпајз © 2022.